Шефот на шведската дипломатија, Тобиас Билстром, на заедничката прес-конференција со британскиот колега Џејмс Клеверли, порача дека Шведска ги исполнила сите услови што ги постави Турција за члнство во НАТО.
Билстром истакна дека со спроведувањето на новиот Закон против тероризмот, Шведска го исполнила последниот услов за влез во Алијансата, според трилатералниот договор меѓу Хелсинки, Стокхолм и Анкара.
Според Законот против тероризмот, незаконски е да се учествува во терористичка организација на кој било начин.
Со ова го испочитувавме последниот дел од нашиот договор, посочи Билстром.
Шведска поднесе барање за членство во НАТО по почнувањето на војната во Украина, но нејзиното членство сè уште не е ратификувано од Турција и Унгарија.
Велика Британија ќе продолжи да се залага за брзо завршување на приемот на Шведска во НАТО. Шведска мора и ќе влезе во НАТО и треба да го направи тоа што е можно побрзо, посочи Клеверли.
Тој додаде дека „во интерес на Турција е Шведска да стане членка на Алијансата и тоа треба да се направи што е можно побрзо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.