Шведскиот министер за финансии кажа дека, иако одлуката за влегување на земјата во НАТО не е најсреќна, поради војната во Украина станала нужен чекор.

Микаел Дамберг за Си-ен-ен кажа дека руската инвазија на Украина ги поттикнала луѓето да се замислат и да се прашуваат кој ќе биде следен.

„Мораме да се браниме, а тоа го правиме подобро заедно со другите европски и американски партнери. Досега сè помина добро и очекуваме сите земји да ги поздрават Шведска и Финска како членки на НАТО“, додаде тој.

Дамберг ја коментираше економската ситуација во Шведска и кажа дека не е сигурен како ќе се движи растот на економијата во следните неколку месеци.

„Луѓето се подготвуваат за потешки времиња“, кажа Дамберг, додека инфлацијата во Шведска е највисока во последните 30 години.

„Гледаме дека вториот квартал ќе биде прилично добар во поглед на растот, но ако гледаме подалеку, мислам дека ќе успори. На нас ќе влијаат Европа, војната и германската економија“, заклучи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.