Турција нема да го поддржи приемот на Шведска и Финска во НАТО додека тие држави не ги исполнат своите обврски во врска со борбата против тероризмот, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздак.
Погрешно е да се очекува позитивна одлука од Турција во однос на поддршката за членството на нордиските земји, додека тие не си го одржат зборот – изјави Боздак за турски медиуми.
Според него, Анкара се уште нема добиено никаков одговор од Шведска и Финска на барањето на Турција за екстрадиција на лица вклучени во терористички активности.
Турција претходно соопшти дека меморандумот што го потпиша со Шведска и Финска на маргините на самитот на НАТО во Мадрид не е конечен и дека турскиот парламент можеби нема да го ратификува нивното членство доколку Стокхолм и Хелсинки не ги исполнат своите обврски во борбата против тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.