Швајцарија замрзнала руски имот во вредност од 5,75 милијарди швајцарски франци (5,62 милијарди евра) од почетокот на воениот конфликт во Украина, соопшти висок функционер на Министерството за економија.

Амбасадорот Ервин Болингер, кој е во Државниот секретаријат за економија, во разговор со новинарите информира дека во таа сума е вклучена и вредноста на недвижностите во швајцарските туристички области.

Износот веројатно дополнително ќе расте како што информациите ќе доаѓаат до Министерството за економија – изјави Болингер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.