Британскиот министер за здравство Стив Баркли изјави дека четиридневниот штрајк на лекарите-специјализанти, кој почна денеска, претставува ризик за безбедноста на пациентите.
Во соопштението се додава дека овој штрајк е темпиран да предизвика што поголемо нарушување во работата на здравствените установи по велигденските празници.
Поради штрајкот ќе бидат одложени голем број операции и лекарски прегледи.
Десетици илјади лекари специјализанти денеска почнуваат со протести барајќи покачување и подобро прилагодување на нивните плати со инфлацијата.
Британската медицинска асоцијација (БМА) бара зголемување на платите за 35 отсто.
Лекарите специјализанти, кои се околу 75.000 во Велика Британија, се подготвени да го прекинат штрајкот доколку министерот Баркли понуди соодветно зголемување на платите.
Министерот за здравство смета дека нивните барања се претерани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.