Околу стотина вработени на аеродромот во Женева денеска штрајкуваа во периодот од 6 до 10 часот по локално време, а поради протестот беа откажани десетици летови. Штрајкот ќе продолжи и утре, пренесува Ројтерс.

Патниците мораа да чекаат во долги редици за пријавување поради протестите на вработените, но штрајкувачите сметаат дека тие не се одговорни за гужвите.

„Се разбира дека оваа ситуација не е пријатна, но ги замолуваме патниците да го насочат својот гнев кон управата на аеродромот кои се одговорни за овој хаос“, рече Џемшид Пуранпир, секретар на синдикатот за јавни услуги.

Дел од вработените на аеродромот во Женева штрајкуваа бидејќи управниот одбор на аеродромот одобри измени со кои се замрзнува зголемувањето на платите на дел од вработените, потсетува британската агенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.