Вечерва со почеток во 03:00 по полноќ ќе се одржи првата дебата на претседателските кандидати во САД, актуелниот демократски претседател Џозеф Бајден (81) и поранешниот републикански претседател Доналд Трамп (78).
И двајцата кандидати се согласиле да им бидат исклучени микрофоните кога не им е редот да зборуваат, со што се намалува можноста за прекини.
За разлика од минатите години, кандидатите нема да имаат воведни говори. Тие ќе имаат по две минути да одговорат на секое прашање, со едноминутни реплики и одговори на репликите. Модераторите, исто така ќе имаат дискреционо право да дадат дополнителна минута.
На крајот од дебатата, кандидатите ќе имаат две минути за завршни зборови.
Уште една дебата е планирана за 10 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.