Правила, протоколи, официјални настани, се што се подразбирало за титулата кралица, Елизабета Втора знаела најдобро да го почитува, дури и за време на големите животни кризи, се трудела професионално да се однесува со кралските должности.

Но, нејзините потомци имаа многу животни предизвици кои кралицата стоички ги поднесуваше. Од Дајана, па до Камила, Меган и Хари, семејни несогласувања и мистеријата што се случува зад затворените врати на Бакингемската палата, сето тоа ја ја интересираше јавноста. Но, што мислела Елизабета Втора за членовите на своето семејство?

За принцезата Дајана

Односот меѓу кралицата Елизабета и Дајана бил пристоен, но формален, воден од фактот дека таа била сопруга на нејзиниот најстар син и иден монарх. Кралицата го одобри изборот на Чарлс, односно ја одобри жената за која верувала дека е Дајана. Ако не дала одобрување, врската немала да напредува.

За Чарлс и Камила

Принцот од Велес во 2005 година се ожени со својата долгогодишна љубов, Камила Паркер. Тој брак беше кулминација на врската која траеше четири децении, скандализирајќи ја Англиија, светот и кралицата Елизабета. И покрај разводот, трагичната смрт на принцезата Дајана, принцот од Велс и војвотката се појавија силен тим, а нивната бурна врска докажува дека понекогаш членовите на кралските семејства доживуваат среќен крај. Во пораката испратена до нацијата по повод 70 години од владеењето на кралицата, нејзиното височество неочекувано изрази искрена желба Камила да биде позната како сопруга на крал кога принцот од Велс ќе стане владетел.

За Кејт и Вилијам

Кралицата била импресионирана од Кејт Мидлтон, која го обожавала и го сакала Вилијам поради него, а не поради неговата титула. Биографот на Дијана, Ендрју Мортон велел дека кралицата поминува многу повеќе време со Кејт и Вилијам, отколку што поминувала со Чарлс и Дијана. Едноставно, не сакала да се повтори грешката. Според Мортон, се што се случило во врска со Кејт и Вилијм било прилично стратешко, промислено.

За Меган и Хари

Ако трагичната смрт на Дајана ја потресе Бакингемската палата, доаѓањето на новата војвотка и сопруга Меган Маркл ја раниша темелите на семејството. Меган, која изјавуваше дека не била свесна во што се вплеткала, се трудеше да ги заврши сите обврски кои ги доби со титулата војвотка. Но, за жал, не одеше се планот, на Хари и Меган решија да се откажат од титулата.

Кралицата имаше изјава која се разликуваше од дотогаш дадените изјави на интервјуто на Меган и Хари кое тие и го дадоа на Опра Винфри.

Во кратката изјава од 61 збор, кралицата вели дека е тажна откако чула за предизвиците на Меган и Хари. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани членови на семејството, додавајќи дека некои сеќавања може да варираат, што се однесува на загриженоста која тие ја искажаа во интервјуто. Коментарот укажува на несогалсување меѓу семејството во врска со некои тврдења дадени во интервјуто, изјави тогаш анонимен извор од кралското семејство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.