Шпанската полиција уапси 121 лице, меѓу кои 118 мажи и три жени, во една од најголемите операции спроведени во таа земја против детска порнографија.
Во рамки на акцијата извршени се 125 претреси и запленети се 946 уреди со 500 терабајти порнографска содржина со малолетници.
При претрес на домовите и работните места на уапсените, одземени се 368 хард дискови, 427 ЦД-а и ДВД-а, 114 УСБ флеш драјвови, 37 мемориски картички, 60 компјутери, 47 мобилни телефони, шест таблети, видео камери и други електронски уреди.
Истрагата ја покренаа агенти на Централната единица за компјутерски криминал како дел од превентивната работа на сајбер патролата во борбата против педофилските мрежи кои споделуваат досиеја со материјали за сексуална злоупотреба на деца преку Интернет.
Во операцијата учествуваа 46 територијални единици специјализирани за компјутерски криминал.
Сите уапсени ја користеле истата дигитална платформа за добивање и споделување нелегална содржина – се додава во соопштението.
Во Мадрид е уапсен маж кој поседувал два милиони досиеја со снимки од сериозно сексуално злоставување на многу млади девојки. Многу од видеата прикажуваа висок степен на насилство врз жртвите и беа распространети на 10 хард дискови со голем капацитет.
Во еден од претресите, инспекторите уапсиле маж кој поседувал голем број мултимедијални датотеки со експлицитни сексуални слики на двајца малолетни мажи, снимени во домот на уапсениот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.