Министерката за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес, денеска изјави дека очекува долга и сурова војна во Украина.
Таа истакна за „Антена 3“ дека убиствата и наводните мачења на цивили во Буча претставуваат „врв на ледениот брег“ кога станува збор за злосторствата извршени од руската армија од почетокот на инвазијата врз Украина.
Доказите за насилство врз цивили се појавија откако украинската армија ја врати контролата во градовите во близина на Киев кои беа под руска опсада.
Роблес нагласи дека се очекуваат повеќе злосторства во регионот на Донбас, каде што украинските и руските сили се борат од 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.