Со 3.125 потврдени случаи, Шпанија има најголем број случаи на мајмунски сипаници во светот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).
„Следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со 2.316 случаи, Германија со 2.268, Велика Британија со 2.137, Франција со 1.453 и Холандија со 712 случаи“, се вели во друг извештај на здравствената агенција на Обединетите нации објавен во понеделникот.
Вкупниот број на случаи во 75 земји од мај е повеќе од 16.000, а европскиот регион се смета за најризичен во светот со 11.865 случаи.
Мајмунската сипаница е заразна болест предизвикана од вирус сличен на сипаница. Болеста е идентификувана во 1958 година во колонии на мајмуни користени за истражување. Првиот случај на мајмунска сипаница кај луѓето е забележан во 1970 година во Демократска Република Конго. Тие се пренесуваат на луѓето преку близок контакт со заразено лице или животно. Може да започне со треска, зголемени лимфни јазли, болки во грбот и мускулите, пред да се појави осип на кожата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.