Од вчера евакуирани се стотици луѓе во источна Германија поради бројните шумски пожари. Околу 700 луѓе беа евакуирани од неколку јужни општини во провинцијата Бранденбург.

Причината е шумски пожар, кој веќе се прошири на површина од 850 хектари, соопштија властите на округот Елба-Естер.

Засега не е можно да се предвиди кога пожарот ќе биде ставен под контрола“, се вели во соопштението.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани речиси триста и педесет лица. Во напорите за сузбивање се вклучени и воени хеликоптери. Причините за пожарот не се познати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.