Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да го направи првиот чекор кон мирно решавање на конфликтот во Украина.
-Тој мора да ги повлече војниците, рече Шолц за време на посетата на Нутетал, во сојузната покраина Бранденбург, пренесоа британските медиуми.
Германскиот канцелар беше дециден дека во моментов нема знаци дека тоа се случува.
-Путин не смее да успее во својата цел, со употреби сила да анектира делови од соседна земја, рече Шолц.
Тој уште еднаш изрази уверување дека Германија ќе и помага на Украина во нејзината одбрана од руската агресија, се додека тоа е потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.