Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржува холандскиот премиер во заминување Марк Руте да стане нов генерален секретар на НАТО, изјави денеска портпаролот на германската влада.

Претходно и Франција го поддржа назначувањето на Руте за нов генерален секретар на НАТО.

Британскиот Форин Офис соопшти дека го поддржува Руте да го наследи Јенс Столтенберг за генерален секретар на НАТО алијансата.

Неименуван американски функционер потврди дека американскиот претседател Џо Бајден го поддржува холандскиот премиер да стане следниот генерален секретар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.