По победата на Доналд Трамп на претседателските избориво САД, Германија треба да направи се за да одржува добри односи со САД, кои се основа за успехот на најголемата европска економија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
Toj денеска пред пратениците во германскиот Бундестаг соопшти дека имал добар телефонски разговор со Трамп по неговата изборна победа.
Мораме да продолжиме да правиме сè за да обезбедиме односите да продолжат да се развиваат добро во наредните децении, без оглед на владата што постои овде или таму, изјави Шолц.
Канцеларот се обрати во Бундестагот неколку дена по распадот на владејачката коалиција и распишувањето на предвремени парламентарни избори.
Шолц додаде дека неговата земја нема да ја остави Украина сама во војната.
Украина може да смета на нашата земја и на нашата солидарност, рече Шолц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.