Германскиот канцелар Олаф Шолц по пристигнувањето во Брисел на самитот на Европската унија изјави дека на Киев не може да му се одвојат големи суми пари од европскиот буџет, но сепак треба да се сигнализира поддршката на блокот за Украина.

„Нема да станува збор за одлука за многу големи дополнителни трошоци. Сепак, има нешто важно: мораме да успееме да го овозможиме финансискиот механизам за Украина и на тој начин да и дадеме основа да го продолжи својот отпор против руската агресија, рече Шолц.

Тој го коментираше и прашањето за проширување на Европската унија, посочувајќи дека блокот треба да и помогне на Украина и на другите земји како Молдавија и Грузија кои сакаат да се приклучат.

„Треба да дадеме сигнал, особено на Украина, дека ги поддржуваме нивните постапки во исполнувањето на сите критериуми што ги поставивме“, нагласи Шолц.

Според него, едно од најважните прашања што треба да се разгледа е почетокот на преговорите со Украина за нејзино пристапување во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.