Германскиот канцелар, Олаф Шолц, е убеден дека неговата земја успешно ќе ја надмине кризата со природен гас.

Ние донесовме одлуки на самиот почеток на кризата. Се подготвуваме за фактот дека ситуацијата може да стане многу тешка – ијави Шолц на состанокот во неговата изборна единица Михендорф во покраината Бранденбург, во близина на главниот град Берлин.

Во врска со можноста Германија да престане да добива испораки на руски гас, Шолц истакна дека „затоа донеле многу, многу важни одлуки“.

Германскиот канцелар додаде дека Германија има шанса „успешно да ја помине оваа тешка ситуација“.

Како примери за конкретните подготовки на федералната влада за посериозни сценарија, Шолц ги наведе изградбата на цевководи долж северниот брег на Германија, изградбата на терминали за течен природен гас и полнењето складишта за гас.

Што се однесува до високите цени на енергенсите, Шолц порача дека состојбата на граѓаните ќе се олесни по усвоените мерки на сојузно ниво за поддршка на населението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.