Германскиот канцелар Олаф Шолц им се обрати на медиумите по средбата со српскиот претседател Вучиќ.

„Се надоврзавме на нашиот последен разговор и на темите важни за нас. Среќни сме што нашите економски односи се развиваат“, рече Шолц.

„Сите сме изненадени од страшната војна што Русија ја започна против Украина, веќе имаме голем број жртви. Тоа е страшна бесмислена војна и многу е важно да се обединиме против неа.

Тој додаде дека е важно што е можно повеќе земји да се приклучат на санкциите.

„Тоа и помага на Украина да може да го брани својот суверенитет и да ја одреди сопствената иднина, таа се крие зад санкциите и санкциите се многу ефикасни, многу поефикасни од оние воведени за време на анексијата на Крим“, рече Шолц.

Тој нагласи дека санкциите нема да запрат и кога ќе заврши војната.

„Условот за тоа да се промени е Русија да прифати дека мора да преговара со Украина и да го заштити суверенитетот на Украина. Очекуваме да се приклучат сите земји кандидати за ЕУ“, рече тој, додавајќи дека „кога станува збор за процесот на пристапување, добро е што ние гледаме реформи во судството“.

„Следните чекори мора да се преземат сега“, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.