Само една недела по завршувањето на двомесечниот карантин, Шангај најави нови ограничувања и програми за масовно тестирање.

Мерките воведени вчера за областа Минханг од денеска ќе важат за уште седум градски области.

Единаесет новозаразени со Ковид-19 биле откриени вчера, што доведе до одлука за повторно воведување ограничувања. Во текот на викендот ќе се спроведе масовно тестирање во осум населби, а 15 милиони луѓе повторно ќе бидат во строг карантин.

По масовното тестирање, новите ограничувања ќе бидат воведени само во оние населби каде ќе бидат потврдени случаите на Ковид-19.

Долгото и контроверзно заклучување за Шангај беше укинато дури вчера, по два месеци рестрикции што ги нарушија синџирите на снабдување, погодувајќи ги земјите ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.