Германската влада објави дека ќе обезбеди пакет помош во вредност од повеќе од 65 милијарди евра за своите граѓани за да им помогне да се справат со зголемените трошоци за енергија но и со инфлацијата објавуваќи го новиот пакет мерки Шолц вината за економските тешкотии со кои се соочува германија, ја лоцираше во рускиот претседател Владимир Путин, кој како што изјави Шолц ги прекршил договорите.

Путин извесно време не ги исполнува обврските околу испораките и Русија веќе не е сигурен снабдувач на енергија, истакна Шолц.

Смртта и уништувањето во Украина се најлошите последици од путиновата војна,но ќе ја пребродиме зимата“, бидејќи Берлин долго се подготвуваше за тоа, изјави германскиот канцелар.

Коментирајќи ја изјавата на Шолц поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ја обвини Германија дека води „хибридна војна“ против Русија, оправдувајќи го прекинот на испораката на гас за Берлин, со како што порача „непријателското“ однесување на Германија во екот на конфликтот во Украина.

Германската влада со пакет од 65 милијарди евра за справување со кризата и инфлацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.