Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек синоќа изјави дека е голема грешка што неговата земја воено не ја поддржала Украина многу порано. Во интервју за германскиот јавен сервис, тој рече дека поддршката за Украина требало да започне пред многу години.
Ние секако требаше воено да ја поддржиме Украина многу порано, и не зборувам само за денови или недели, туку години, рече Хабек.
Претходната администрација на Ангела Меркел беше критикувана за нејзините врски со Русија, особено за зависноста од руски енергенси.
Хабек вели дека Германија сега помага во снабдувањето на Украина со тешко оружје, откако владата вети дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана за да ја исполни целта на НАТО од 2 отсто од БДП.
Суспендиран е и гасоводот Северен тек 2 од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.