НАТО мора да избегне директна воена конфронтација со Русија, бидејќи тоа може да доведе до Трета светска војна, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Запрашан зошто мисли дека германските испораки на тенкови за Украина би можеле да доведат до нуклеарна војна, Шолц изјави за „Шпигел“ дека „не постои правило кое одредува кога Германија може да се смета за завојувана страна во војната во Украина“ и дека затоа е многу важно што секој чекор е внимателно разгледуван, пренесе Ројтерс.

Шолц нагласи дека е важно земјите-членки на НАТО тесно да соработуваат и да не обрнуваат внимание на неумерените повици за остри реакции, бидејќи последиците од погрешните постапки може да бидат драматични, наведува британската агенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.