Германскиот канцелар, Олаф Шолц, ја повика Европската Унија да спроведе реформи со цел да се олесни приемот на нови земји во Унијата.

Шолц нагласи дека не само кандидатите за членство, туку и самата ЕУ мора да биде подготвена да го прошири тој блок.

За да постигне такво нешто, ЕУ мора да ги модернизира своите структури и процесите на одлучување – изјави Шолц за агенциката ДПА.

Тој додаде дека нема секогаш да може сите одлуки да се носат едногласно, како што се одлучува денес.

Шолц порача дека сака да се разговара за тоа на самитот на ЕУ следниот четврток и петок.

На тој самит претседателите и владите на 27-те земји-членки на ЕУ ќе ги разгледаат апликациите за членство на Украина, Молдавија и Грузија.

Минатата недела Европската комисија препорача Украина и Молдавија да добијат статус на кандидати за членство во ЕУ, додека од Грузија ќе биде побарано претходно да исполни одредени услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.