Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја увери Украина дека неговата земја ќе ја поддржува против руската инвазија онолку долго колку што е потребно.
Германија цврсто стои на страната на Украина, денес и се додека на Украина и е потребна нашата поддршка, рече Шолц во видео пораката што ја објави на својот Твитер профил по повод националниот празник на земјата нападната од соседна Русија.
Ќе продолжиме да доставуваме оружје… да ги обучуваме украинските војници (да ја користат) најдобрата европска опрема, вети тој.
Вчера Германија објави дека ќе и испорача уште оружје на Украина, дел од тоа во текот на следната година. Пратката ќе биде во вредност од 500 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.