Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Москва соодветно ќе одговори ако НАТО и достави на Украина воени авиони и системи за противвоздушна одбрана.

Ги следиме изјавите на лидерите на поединечни земји на НАТО за нивната намера да и испорачаат на Украина авиони и ПВО системи. Ако се реализира тоа, ние соодветно ќе реагираме, истакна Шојгу.

 

 

Тој додаде дека се завршени главните цели од првата етапа на специјалната операција на Руската Федерација за заштита на цивилното население во Донбас.

Борбениот потенцијал на вооружените сили на Украина е значително намален, што ни овозможува да го насочиме вниманието и напорите за постигнување на главната цел, ослободување на Донбас, истакна Шојгу.

Според него украинските сили претрпеле значителна штета, а воздухопловството и системите за противвоздушна одбрана се речиси уништени, а поморските сили на Украина, како што наведе, „престанале да постојат“.

Шојгу тврди дека од 152 авиони кои биле во борбениот состав на украинските војници пред почетокот на операцијата, уништени се 123, од 149 хеликоптери уништени се 77, а од 180 системи за воздушна одбрана со долг и среден дострел уништени се 152.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.