Украина планира да ги исполни сите услови неопходни за почеток на преговорите за влез во Европската унија до крајот на оваа година, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмигал, јави ДПА.

Украина ги исполни сите седум препораки на Европската комисија што ги добивме кога го добивме статусот на кандидат за членство, изјави украинскиот премиер на прес-конференција во Рим.

Шмигал учествуваше на конференцијата за обнова на Украина чиј домаќин беше Италија. Тој денеска се сретна со папата Франциско во Ватикан.

Киев ќе ги спроведе сите реформи потребни за влез во ЕУ, и покрај руската инвазија на земјата, рече тој. Шмигал истакна дека антикорупциските мерки што Киев веќе ги воведе „се целосно спроведени, како што Украина се договори со своите европски партнери“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.