Шест Палестинци загинаа во израелски воздушен удар рано утрово во окупираниот Западниот Брег, а израелска полицајка беше убиена кога нејзиното возило удри во бомба покрај патот, велат извори во обете страни.
Насилството на Западниот Брег ескалираше уште од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.
Израелските сили често навлегуваат во окупирана територија, вклучително и упориштето на екстремистите Џенин и блискиот бегалски камп.
-Во бомбардирањето на окупаторите врз група граѓани во Џенин загинаа шест лица, соопшти Министерството за здравство на палестинската управа со седиште во Рамала.
Една израелска полицајка е убиена за време на операција во бегалскиот камп Џенин, соопшти армијата, додавајќи дека уште тројца полицајци се ранети.
Не е јасно дали Палестинците и Израелката загинале за време на истата операција.
Палестинските медиуми објавија дека големи израелски сили се распоредени во Џенин и дека шест Палестинци, од кои четворица браќа, биле убиени во напад на израелско беспилотно летало.
Нападите на израелската војска во Џенин често предизвикуваат судири меѓу војниците и палестинските екстремисти. Војската тврди дека цели на „терористи“ во рациите, а палестинското Министерство за здравство вели дека многу од жртвите се цивили.
жОд почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, според палестинското Министерство за здравство, најмалку 327 луѓе се убиени на Западниот Брег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.