Шефот на Пентагон, Лојд Остин, ја истакна „важноста од одржување на каналите за комуникација“ со Москва за време на телефонскиот разговор со неговиот руски колега Сергеј Шојгу, соопшти американското Министерство за одбрана.
Пентагон не соопшти повеќе детали за разговорот, додека руското Министерство за одбрана претходно информира дека Остин и Шојгу разговарале за „неколку актуелни прашања од меѓународната безбедност, вклучувајќи ја и ситуацијата во Украина“.
Остин разговараше и со украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, кому му ја повтори „непоколебливата посветеност на САД да ја поддржат способноста на Украина да се спротивстави на руската агресија“.
Остин и Шојгу последен пат разговараа на 13 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.