Шефот на рускиот државен гасен гигант „Газпром“, Алексеј Милер, денеска изјави дека во германското подземно складиште ќе има доволно гас за уште од два до два и пол месеци.
Говорејќи на конференцијата „Руска енергетска недела“ во Москва, Милер ја предупреди Европа за последиците од откажувањето од рускиот гас велејќи дека нема гаранција дека Европа ќе ја преживее зимата врз основа на сегашниот капацитет за складирање гас.
Милер рече дека поправката на оштетените гасоводи „Северен тек“ ќе трае најмалку една година и дека на Русија сè уште не ѝ е дозволен пристап до областа која е оштетена.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да продолжи со испораките на гас за Европа преку гасоводот „Северен тек 2“, кој оди до Германија под Балтичкото Море.
ЕУ сè уште може да се снабдува гас од преостанатиот недопрен дел од гасоводот „Северен тек 2“, но сега топката е во дворот на Европската Унија, која мора да одлучи дали сака или не да се испорачува гас преку него. Ако сакаат, можат само да ја отворат чешмата, рече рускиот претседател Владимир Путин во својот говор на пленарната сесија на меѓународниот форум „Руска енергетска недела“.
Путин, исто така, рече дека Русија може да ги пренасочи испораките од Балтикот кон Црното Море за да создаде голем европски центар за гас во Турција.
Недостатоците во испораките на руски гас ги зголемија цените, поттикнувајќи ја инфлацијата и вршејќи притисок врз владите да помогнат во олеснувањето на вртоглавите сметки за енергија за домаќинствата и бизнисите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.