Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, порача дека Европската Унија не треба само да воведува санкции кон Русија повторно и повторно, туку треба да се врати на патот на дипломатијата.

Сега се обидуваме да ги исполниме одлуките што веќе ги донесовме. Не можеме да продолжиме да воведуваме санкции, санкции, санкции. Во одреден момент треба да видиме како можеме да се вратиме на патот на дипломатијата – изјави Аселборн пред почетокот на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ во Прага, на кој една од темите ќе биде издавањето на визи за граѓаните на Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.