Во Јапонија времето се почитува до тој степен што ако (по некое чудо) некој воз доцни неколку минути, патниците веднаш добиваат формално извинување.

Од Централната железничка компанија соопштуваат дека возот од Нагоја на време пристигнал во Токио, но поаѓањето за Осака било привремено прекинато, а причината е повеќе од бизарна.

Имено, персоналот забележал змија од 40 сантиметри како се влече на подот во еден од вагоните. Поради тоа, повеќе од 600 патници морале да се префрлат во друг воз бидејќи Шинкансен бил исклучен од мрежата, а змијата подоцна била фатена.

Властите истражуваат како змијата завршила во возот.

Тешко е да се замисли дека змија ќе влезе во вагон на една од станиците. Имаме правила, кои забрануваат внесување диви животни. И покрај ова, ние не го проверуваме багажот на патниците“, се наведува во соопштено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.