Седум лица ги загубиле животите а 34 се ранети во руски напад во неделата во Харков, на североистокот на Украина, соопшти тамошното државно обвинителство.

Руските окупатори гранатираа станбени згради во квартот Слободски во Харков. Притоа се оштетени се десетина куќа и гаража за тролејбуси. Првите информации говорат дека загинале седум лица, 34 се ранети, меѓу кои и три деца“, се нaведува во соопштението за медиумите од регионалното државно обвинителство.

Покрај тоа, во Дергачи близу Хакров, „најмалку три лица загинале а седум се ранети во гранатирање на населба“, тврди во објавата на Facebook градоначалникот Вјачеслав Задоренко додавајќи дека сите жртви се цивили.

Шест лица загинале а едно е рането во место во региониот Донецк кое сѐ уште е под контрола на силите на Киев, за што началникот на регионалната воена управа Павел Криленко на Telegram ги обвини руските сили.

Исто така, на истокот од земјата во градот Рубижно, за кој се водат улични борби, загинало едно лице, според гуверенерот Сергеј Хајдај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.