Повеќе од дваесет патници се пренесени во болница, едно лице е „критично“, а другите се „стабилни“, додаваат од полицијата.

Автобусот се превртел во неделата навечер и застанал на патот до банкината во магливо време.

Несреќата се случила во близина на градот Грета, на околу 150 километри од Сиднеј, во област која туристите сакаат да ја посетуваат.

Свадбените фотографии објавени на социјалните мрежи покажуваат дека гостите се добро расположени на тревникот на семејната фарма со лозје, неколку часа пред несреќата, која однесе најголем број жртви во земјата од 2007 година.

Возачот на автобусот бил однесен во болница каде што бил тестиран за алкохол и дрога и бил приведен, изјави началникот на полицијата Трејси Чепмен, без да ги прецизира резултатите од тестот.

Во несреќата не учествувале други возила.

„Сите Австралијци кои се будат од оваа тажна вест (…) упатуваат искрено сочувство до семејствата на жртвите во оваа страшна несреќа“, рече премиерот Ентони Албанес.

Жално е што еден ваков среќен настан заврши со ваква трагедија. Нашите мисли се со повредените“, напиша тој во пораката на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.