Двајца пилоти и еден цивил загинаа, откако ирански борбен авион се урна во населено место, на северозападниот дел од земјата.

Како што јави агенцијата Ирна, авионот Ф5 се урнал близу стадион во населеното место Табриз.

Властите покренаа истрага за овој инцидент.

Иранските воздухопловни сили имаат повеќе воени авиони, произведени во САД, а набавени пред исламската револуција од 1979 година. Тие, исто така, имаат и авиони МИГ и Сухој, произведени од Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.