УНИЦЕФ соопшти дека ќе им исплати плати на авганистанските наставници за најмалку два месеца, бидејќи тие со месеци немаат приход поради економската криза по меѓународните санкции наметнати врз талибанските власти.

Платите, кои изнесуваат околу 100 долари месечно, ќе се исплаќаат во локална валута и ќе бидат дадени на наставниците од основните и средните училишта за јануари и февруари, а ќе бидат спонзорирани од Европската Унија.

По многумесечна неизвесност и тешкотии за многу наставници, со задоволство можеме да кажеме дека итно ќе им помогнеме на наставниците од државните училишта во Авганистан кои не се штедеа себеси да ги подучуваат децата – изјави Мохамед Ајоја, претставник на УНИЦЕФ за Авганистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.