Четири лица се повредени на терен, од кои три се здобиле со тешки изгореници, соопшти портпаролката на Националната служба за вонредни состојби.

Две лица загинаа, а четворица се повредени денеска кога авион се урна на аеромитинг во Секешфехервар, во централна Унгарија, на околу 70 километри од Будимпешта.

„Според првичните информации, покрај пилотот, во леталото имало и еден патник, а трагично и двајцата го загубиле животот на лице место“, се вели во полициското соопштение.

Четири лица се повредени на терен, од кои три се здобиле со тешки изгореници, соопшти портпаролката на Националната служба за вонредни состојби.

Таа додаде дека една жена, маж и девојка се тешко повредени, додека момчето се здобило со полесни повреди.

На видеото во тамошните медиуми се гледа авионот – „тројански Т-28“ од 1951 година – како и моментот кога паднал и експлодирал.

Мал авион се урна покрај паркиран автомобил, кој се запали од ударот на остатоците“, се вели во соопштението на полицијата.

„Несреќата се случи многу блиску до просториите на аеромитингот“, изјави за AFP портпаролката на националните служби за итни случаи.

Илјадници луѓе присуствуваа на аеромитингот.

Несреќите на аеромитинг се ретки во Унгарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.