Австрија одлучи постепено да ги олеснува мерките против корона вирусот и покрај големиот број нови инфекции.

Од 5 февруари постојниот полициски час наместо од 22 часот ќе почне на полноќ. Обврската за тестирање или вакцинирање на малопродажниот сектор од 12 февруари се укинува – соопшти канцеларот, Карл Нехамер.

Во рестораните и кафулињата од 19 февруари ќе може да се влезе со негативен тест, а не само со потврда за вакцинација или прележан Ковид. Како причина за олеснување на мерките се наведува намалениот притисок врз болниците.

Бројките се стабилни и на очекувано добро ниво – изјави Нехамер за ситуацијата во болниците и одделите за интензивна нега.

Министерката за туризам Елизабет Костингер рече дека новата регулатива за полициски час треба да се поздрави бидејќи тоа ќе биде од корист за бизнисите и туристите. Седумдневната стапка на инциденца во Австрија моментно е 2.400 на 100.000 жители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.