Стотици канадски возачи на камиони одржуваат протестен конвој до Отава против барањето за задолжителна вакцинација доколку сакаат да ја преминат границата со САД.

Учесниците во, како што го нарекуваат „Конвојот на слободата“, кој привлече се поголемо внимание во последните денови, патуваат кон канадскиот главен град од најоддалечените провинции на земјата, како што се Британска Колумбија и брегот на Пацификот. Местото за собирање на демонстрантите е центарот на Отава.

Од средината на јануари, Канада и САД бараат вакцинација против Ковид-19 за возачите на камиони кои ја преминуваат границата. Некои возачи го осудија воведувањето на барањето.

Овие протести се национални по обем. Тие се огромни. За жал, тие се поларизираат – изјави началникот на полицијата во Отава, Питер Слоули.

Тој не можеше да каже колкав ќе биде веројатниот број на камиони или демонстранти, но предупреди на „големи проблеми со безбедноста во сообраќајот“ во главниот град и побара од луѓето да избегнуваат излегување на улиците.

Слоули изјави дека организаторите на протестот и кажале на полицијата дека ќе биде мирен, но предупреди дека некои луѓе би можеле да му се придружат за да „поттикнат омраза и насилство“.

Цел може да бидат и политичари во федералниот главен град – предупреди началникот на полицијата.

Некои бизниси веќе се затворени за викендот, објавија локалните медиуми, објавувајќи снимки од пристигнувањето на првите камиони во близина на парламентот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.