Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан, денеска изјави дека неговата земја може да го признае Израел доколку се реши палестинското прашање.
Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, шефот на саудиската дипломатија рече дека првиот чекор кон решавање на проблемот е прекин на огнот „од сите страни“.
„Се согласуваме дека регионалниот мир вклучува мир за Израел, но тоа може да се случи само преку мир со Палестинците, преку палестинска држава“, рече Бин-Фархан.
На прашањето дали во тој контекст Саудиска Арабија би се согласила да го признае Израел, како дел од поширок договор, тој одговори потврдно, пренесоа агенциите.
Во 2020 година, четири арапски земји, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан, го признаа Израел според серија договори наречени Абрахамски договори, оставајќи го настрана долгогодишното арапско барање за палестинска држава.
Оттогаш, американската администрација се обидува да ја охрабри Саудиска Арабија, која нашироко се смета за лидер во муслиманскиот свет, да го следи примерот, што може да го отвори патот за другите муслимански земји да го признаат Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.