Увозот на рафинирана нафта од Индија од ЕУ порасна на рекордно ниво во 2023 година, истовремено со порастот на увозот на руска сурова нафта од Њу Делхи повеќе од двојно, на годишно ниво. Тоа значи дека потрошувачите во Европа веројатно добиле огромни количества на бензин, дизел, керозин и други нафтени производи кои потекнуваат од Русија преку Индија минатата година, и покрај санкциите воведени по инвазијата на Владимир Путин на Украина, пишува британски Индипендент.
Индија стана еден од најголемите руски клиенти на нафта во последниве години, со просечно откупување на 1,75 милиони барели сурова нафта дневно во 2023 година, според податоците на Кплер анализирани од The Independent. Се работи за зголемување од 140% од она што Индија го купуваше од руски извори во 2022 година, кога веќе се трошеше од руската сурова нафта со попуст во месеците по инвазијата на Украина.
Индија стана водечки светски увозник на руска сурова нафта минатата година, според податоците на пазарот на Кплер, анализирани од Индипендент, увезувајќи просечни 1,75 милиони барели дневно со 140 отсто зголемување во однос на 2022 година.
Во меѓувреме, Европската унија прерасна во еден од најголемите клиенти на рафинирана нафта во Индија. Блокот купуваше околу 231.800 барели дневно рафинирани производи од Индија минатата година, што е зголемување од 115 отсто во однос на претходната година, покажуваат податоците на Кплер.
Тоа е најголемото количество рафинирана нафта што Европа го купила од Индија во последните седум години, а веројатно и најголемото количество на рафинирано нафта што Европа некогаш ја купила од Индија, од која голем дел, по се изгледа, е од руско потекло, се вели во анализата.
Ќарот беше и на двете страни – Индија можеше да купи евтина нафта за своите рафинерии, потоа можеше да ја рафинира таа нафта и да ги продаде рафинираните производи по целосна цена, и на пазар (Европа) кој е подготвен да плати за нив затоа што очајно треба да го замени губењето на руската суровина врз која наметна санкции, вели водечкиот аналитичар на Кплер, Мет Смит, за The Independent.
Приходите од нафтата се клучот на руската економија, дозволувајќи му на Путин да ја финансира својата војска и да ги надополни буџетите за одбрана за да ја одржи војната што ќе влезе во третата година.
Западните земји минатата година ја забранија руската нафта и им удираа на руските трговци со нафта ограничување на цената од 60 долари, во обид да го намалат воениот приход на Москва. Но, Русија најверојатно нашла начини да ги избегне тие правила, велат некои индустриски експерти, како на пример со, наводно, составување тајна флота од нафтени бродови, зголемување на трошоците за испорака на нејзината сурова нафта и размена на нафта со посредници како Индија.
Индија има стратешки неутрален став за руската војна со Украина и продолжи да купува руска нафта додека ги продава своите рафинирани нафтени производи на Запад. Високи количества индиско гориво, пак, се испорачуваше во Њујорк минатата година, според податоците на Кплер анализирани од Блумберг, кои најверојатно исто така биле од руско потекло.
Сепак, купувањето на руска нафта од Индија се намали во последниве месеци, делумно поради притисокот да се одржат добри врски со САД, како и поради пријавените проблеми со плаќањето со руските добавувачи на нафта. Испораките на руска нафта во Индија паднаа на 11-месечен минимум во декември, според податоците за следење на бродови анализирани од Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.