Забраната што ја воведе американскиот претседател Џозеф Бајден за американскиот увоз на руска нафта и други енергенси не вклучува забрана за увоз на ураниум за нуклеарните централи, тврди добро информиран извор запознаен со ова прашање, јавија американски медиуми.
Енергетската индустрија на САД се потпира на Русија и нејзините сојузници Казахстан и Узбекистан за околу половина од ураниумот што го користи за своите нуклеарни централи.
Таа гранка на американската енергетика лобираше во Белата куќа да не се забрани увозот на ураниум од Русија, и покрај инвазијата на Москва на соседна Украина, наведуваат изворите.
Нема производство или преработка на ураниум во САД иако неколку компании посочија дека би сакале да го обноват домашното производство во Тексас или Вајоминг доколку производителите на нуклеарна енергија потпишат долгорочни договори за снабдување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.