Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков оцени дека влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе биде уште една грешка со далекусежни последици.
Безбедноста во Шведска и Финска нема да биде зајакната по влезот во НАТО, ја пренесува весникот „Известија“ изјавата на Рјабков.
Тој додава дека доколку двете држави станат дел од НАТО, од ситуацијата ќе зависи како Русија ќе ја осигура својата безбедност.
Според Рјабков, влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе доведе до радикална промена на ситуацијата во светот и оти никој не треба да има илузии дека Русија така едноставно ќе го прифати тоа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.