Ако САД сакаат да имаат претседател кој е за војна, тогаш светот ќе има војна, а ако сакаат да има мир, треба на чело на Америка да е политичар кој е за мир, а Доналд Трамп е за мир, изјави во Охрид унгарскиот премиер Виктор Орбан одговарајќи на новинарско прашање.
Ние бевме поддржувачи на републиканскиот кандидат Доналд Трамп без намера да се мешаме во американските избори. Иако, впрочем, постои мешање во унгарските избори. Политиката на Западот денес е во рацете на еден тесен круг политичари, на една елита. И ако се прашаме зошто како како Запад и како ЕУ губиме, тоа е поради тој елитистички круг на застарени политичари кои не можат да се справат со светските предизвици. Затоа треба да поддржиме енергични политичари. Ако Америка сака да има претседател кој сака војна, тогаш во светот ќе има војна. Трамп знаеме како функционира и тој е на страна на мирот, а нас ни е потребен мир. Затоа сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир – изјави Орбан на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.