Соединетите држави воведоа санкции за десетици луѓе и субјекти за поддршка на руската инвазија на Украина. Меѓу нив се и приватна воена компанија, кинеска компанија и субјекти поврзани со Росатом, руската државна нуклеарна компанија.
Санкциите се однесуваат на повеќе од 120 субјекти и поединци во повеќе од 20 земји, вклучително и оние кои помагаат да се заобиколат санкциите, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Министерството за финансии објави дека вовеле санкции за руски финансиски експерти и оние кои овозможуваат избегнување на санкциите ширум светот, вклучително и Турција, Унгарија, Обединетите Арапски Емирати и поединци и компании во Кина.
„САД ќе продолжат да преземаат акции против Русија и оние кои ја помагаат нејзината војна во Украина, вклучително и со натамошна имплементација на заложбата на Г7 за наметнување силни последици врз актерите од трети земји кои ја поддржуваат руската војна во Украина“, рече Блинкен.
Меѓу санкционираните е и приватната воена компанија „Патриот“, која Стејт департментот ја поврза со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и платеничката група „Вагнер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.