Белгискиот суд денеска одлучи да ја ослободи од притвор поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили.

Таа е последната осомничена која се уште е во притвор додека трае истрагата за корупцискиот скандал познат како „Катаргејт“ и да ја стави под домашен притвор, каде ќе биде под електронски надзор со електрична нараквица.

Ева Каили излегува од затвор и е ставена во домашен притвор во Белгија, каде што ќе биде под електронски надзор“, изјави за АФП Антон Шотсаерт, судија во белгиското федерално обвинителство. Одлуката ја донел истражниот судија Мишел Клез.

Грчката социјалистичка пратеничка „најверојатно ќе биде ослободена во петок или најдоцна во понеделник“, изјави нејзиниот адвокат Свен Мери за АФП, бидејќи нараквицата бара „административна подготовка“. Одлуката да ја ослободат од притвор беше „целосно очекувана“, рече тој.

Белгискиот суд неодамна одлучи белгискиот европратеник Марк Тарабела и поранешниот италијански европратеник Антонио Панцери, другите двајца главни осомничени во скандалот „Катаргејт“ што го потресе Европскиот парламент, да носат електронска нараквица.

Каили е осомничена дека повеќе години посредувала за странски земји, вклучително и за Катар, во одлуките на Европскиот парламент, за што добивала пари.

Каили, која има 44 години и е мајка на двегодишна ќерка, беше разрешена од функцијата потпретседател на ЕП во средината на декември. „Четири и пол месеци таа тврди дека не е виновна. Истрагата сè уште не е завршена“, изјави Свен Мери, кој забележува дека тој и неговиот клиент се подготвени да одговорат на „сите прашања“ на истражителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.