САД воведоа нов пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Како што соопштија од Белата куќа, санкциите се насочени кон операторите во технолошкиот сектор, како и кон обид на Вашингтон да ја спречи Москва да избегне досегашните санкции, објави „Ројтерс“.
Американското Министерство за финансии објави дека вовело санкции за 21 компанија и 13 лица, меѓу кои и најголемиот руски производител на чипови, извозникот „Микрон“.
Санкциите ќе го опфатат рускиот вселенски, поморски и електронски сектор.
Од министерството додаваат дека цел на последниот потег ќе бидат и „злонамерните сајбер напади“.
Ќе продолжиме да ја гаѓаме воената машина на Путин со санкции од сите агли, се додека не заврши оваа бесмислена војна – порача министерката, Џенет Јелен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.