Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, обраќајќи се пред поткомитетот на американскиот Сенат за државни, странски операции и сродни активности, порача дека Украина самата треба да одлучи дали ќе преземе воена акција надвор од нејзините граници.
Ние сме решени да им го обезбедиме она што им е потребно за да се борат против руската агресија и да ги туркаат Русите надвор од земјата. Друго прашање е дали Украинците треба да преземат акција надвор од нивните граници – изјави Блинкен.
Претходно, шефот на рускиот истражен комитет, Александар Бастрикин, даде инструкции за документирање на докази за незаконски активности на украинските вооружени сили во руските региони Курск и Воронеж.
Пред два дена беше соборен украински извидувачки дрон во близина на градот Воронеж, а вчера беше пресретнат украински дрон во областа Курск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.