Американските власти стравуваат дека планираното укинување на рестриктивните мерки воведени за време на пандемијата со Ковид-19 би можело да се сфати како отворена покана за мигрантите на јужната граница на САД кои веднаш биле вратени во Мексико за време на пандемијата.
Доколку нема неочекувани пресврти, таа мерка позната како „Одредба 42“ (Title 42) треба да се укине в четврток во 23:59 часот во Вашингтон (петок во 5:59 часот по средноевропско време).Одредбата направи речиси целосно невозможно да се поднесе барање за азил во САД. Владата на Џо Бајден стравува од прилив на илјадници мигранти. Граничните градови се под притисок, јавија американски медиуми.
Американскиот претседател вчера телефонски разговараше со својот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор повеќе од еден час.
„Го потврдивме договорот за продолжување на соработката во однос на проблемите како миграцијата со хуманитарна димензија, трговијата со дрога и оружје, а особено соработката во корист на најсиромашните на нашиот континент“, напиша мексиканскиот претседател на Твитер.
„Одредба 42“ беше воведена во 2020 година од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп како дел од борбата против пандемијата „Ковид-19“. Неговиот наследник го продолжи мандатот.
Во пракса, таа мерка го спречи пристапот до американскиот систем за азил: мигрантите без виза беа вратени без можност за поднесување барање. Ова ќе биде можно повторно од петок и судовите повторно ќе ги процесуираат барањата на барателите на азил, што може да потрае неколку години.
Тоа е чувствително прашање за Џо Бајден, кој неодамна најави кандидатура за втор мандат – го обвинуваат за попустливост во мигрантската политика, додека организациите за заштита на мигрантите тврдат дека тој не се разликува од Доналд Трамп. Администрацијата на Бајден инсистира на легални имиграциски патишта
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.