Соединетите Американски Држави (САД) соборија четири беспилотни летала над областите на Јемен контролирани од бунтовниците Хути, објави вечерва американската воена команда на Блискиот Исток (Центком).
Американските сили уништија четири беспилотни летала кои претставуваа непосредна закана за САД, коалицијата и трговскиот брод во регионот, се вели во соопштението на „Х“.
Еден коалициски брод успеал да пресретне противбродска ракета лансирана од областа контролирана од јеменските бунтовници кон Аденскиот залив, додаваат истите извори.
Во операциите нема жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.