Соединетите Американски Држави ја обвинија Русија дека ја користи најголемата нуклеарна централа во Украина како „нуклеарен штит” со стационирање војници и спречување на украинските сили да возвратат, ризикувајќи катастрофална нуклеарна несреќа.

Државниот секретар Антони Блинкен рече дека Соединетите Држави се длабоко загрижени што нуклеарната централа Запорожје, за која во март Русија беше обвинета дека гранатирала област во нејзина непосредна близина, сега е руска воена база што се користи за гаѓање на околните украински сили.

Се разбира дека Украинците не можат да возвратат за да не дојде до страшна несреќа со нуклеарна централа, им рече Блинкен на новинарите по разговорите за неширење на нуклеарното оружје во Обединетите нации во Њујорк во понеделникот.

Русија оди подалеку од употребата на „човечки штит“, рече Блинкен, посочувајќи дека ова е „нуклеарен штит“.

Украинскиот заменик-министер за надворешни работи Микола Точицкиј на преговорите во Њујорк изјави дека „потребни се силни заеднички акции за да се спречи нуклеарна катастрофа“ и ја повика меѓународната заедница да го „затвори небото“ над украинските нуклеарни централи со системи за противвоздушна одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.